Утрински Весник
Свет

Ќе се испитаат околностите за смртта на хрватскиот градоначалник Милан Бандиќ

Ќе се испитаат околностите за смртта на хрватскиот градоначалник Милан Бандиќ

Стјепан Перко, експерт за заштита на лични податоци, претприемач и активист, денес поднесе кривична пријава до Државното обвинителство поради неразјаснети околности поврзани со смртта на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

Имено, Бандиќ официјално почина од срцев удар, но, судејќи според хрватските медиуми, не е јасно каде починал и кој бил со него во тој момент.

Хрватскиот портал „Индекс“ пишува дека Перко им рекол дека ќе поднесе кривична пријава против блиската соработничка на Бандиќ, Наталија Прајс и неговите пријатели Гзим Реџепи и Сергијје Ивановиќ.

Инаку, Реџепи и Ивановиќ изјавија дека биле со Бандиќ кога му се слошило.

Во меѓувреме, сепак, започна да се споменува Прица, откако, како што се наведува, стана јасно дека брзата помош дошла во зградата во која живее поради Бандиќ, а не во зградата на Сергиј Ивановиќ, како што најпрвин беше речено.

Перко вели дека негова должност е да поднесе кривична пријава затоа што институциите не реагирале.

„Сега всушност во прашање е честа на починатиот, многу работи се нерешени, и тој повеќе не може да каже што е вистина. Како граѓанин, решив да реагирам и да го заштитам достоинството на починатиот”, изјави Перко за „Индекс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трагедија: Пилот на „Туркиш ерлајнс“ почина за време на лет над САД

Шестмина повредени во напад со нож во Израел

Руски политичар: Режимот во Киев треба да се подготви за капитулација