Утрински Весник
Свет

Вакцина-туризам само за богати: приватен авион, вакцинација и три недели одмор во луксузни хотели

Вакцина-туризам само за богати: приватен авион, вакцинација и три недели одмор во луксузни хотели

Весникот „Ла република“ пишува за новата туристичка понуда за богатите, а „пакетот“ опфаќа и вакцинација против Ковид-19.

Според весникот, на клиентите им се нуди лет со приватен авион, вакцинација, тринеделен одмор во луксузни хотели или вили во Индија, Дубаи или Флорида, потоа втора доза на вакцина и на крај враќање дома.

Засега вакви супер луксузни туристички аранжмани нуди англиската агенција „Најтбриџ“, а цената на понудата е околу 45.000 евра, пишува весникот.

Агенцијата нуди пакет само за своите членови, кои плаќаат членарина од 28.000 евра годишно, а засега вакцина-туризмот е резервиран само за членови постари од 65 години.

Новинарите ја контактирале Агенцијата за да откријат како е можно луѓето да се вакцинираат приватно во земјите на дестинација каде што има правила дека само граѓаните и оние кои имаат престој можат да го добијат лекот и како е можно приватно да се набави вакцина, ако лекот недостасува за владини нарачки.

Туристичката агенција одби да даде одговор.

Весникот потсетува дека уште во декември, производителот на вакцината „Фајзер“ потврди дека размислува да го продава лекот на приватни лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВИДЕО: Орбан физички нападнат – 24info.mk

Во Пакистан во експлозија загинаа двајца кинески инженери кои работеа на електрана

На хрватска граница запрена пратка со краставици од Србија – еве што содржела