Утрински Весник
Свет

(Видео) 10 години од земјотресот, цунамито и несреќата во нуклеарната централа во Фукушима

(Видео) 10 години од земјотресот, цунамито и несреќата во нуклеарната централа во Фукушима

Јапонија ја одбележува 10-годишнината од земјотресот и цунамито во кои загинаа 18.500 луѓе, предизвикаа нуклеарна катастрофа и го уништија североисточниот брег на земјата.

По повод 10-годишнината, во 14:46 часот по локално време, кога земјотрес со јачина од 9 степени ја погоди земјата на 11 март 2011 година, се одржа едноминутно молчење.

Царот Нарухито и премиерот Јошихиде Суга се придружија во едноминутното молчење, а граѓаните запалија свеќи и положија цвеќе.

Во земјотресот и цунамито загинаа 18.430 луѓе, но беа пронајдени телата на 15.897 жртви. Повеќе од 160.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Системите за ладење беа уништени во нуклеарната централа Фукушима на североисточниот брег на Јапонија, а протече и радиоактивен материјал. Се верува дека уште 3.700 луѓе починале поради тешките услови за евакуација и услови за живот кои се резултат на природната катастрофа и нуклеарната несреќа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата