Утрински Весник
Македонија

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово и Стража

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово и Стража

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, планинскиот премин Стража и во Маврово.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, информира АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

На сила е обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до понеделник.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

Мицкоски: Не ја искористија шансата обвинителството и судството да се борат против криминалот, затоа имаат најниска доверба