Утрински Весник
Македонија

Кривична за цариник кој пропуштил возач без да му наплати за увезените работи

Кривична за цариник кој пропуштил возач без да му наплати за увезените работи

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 59-годишниот Ќ.Р. од селото Ваксинце, вработен како цариник во царинската испостава „Белановце“.

За него постои сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што информираат од МВР, на 5 декември минатата година, додека бил на работа, пријавениот не ја пресметал вредноста на работите кои во својот автомобил ги превезувал жител од селото Матејче и не ја наплатил царинската увозна давачка, со што му овозможил на возачот да се стекне со противправна имотна корист.

Исто така, пријавениот не го евидентирал автомобилот во дневната евиденција за извршени прегледи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт