Утрински Весник
Свет

Германија ќе ја забрза вакцинацијата, неделно ќе вакцинираат 5 милиони лица

Германија ќе ја забрза вакцинацијата, неделно ќе вакцинираат 5 милиони лица

Во Германија е најавен забрзан процес на вакцинација, откако општите лекари ќе започнат да вакцинираат во април.

„Зацртаната цел за имунизација на 25% од населението секој месец не е реална“, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

„Бројот на вакцинирани нема веднаш да се зголеми на 20 милиони или 10 милиони неделно“, рече тој.

Германците се незадоволни од динамиката на вакцинирање, бидејќи само 6,4 проценти од населението од околу 83 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината, пишуваат германските медиуми.

Шефот на германското здружение на лекари процени дека околу пет милиони луѓе неделно можат да бидат имунизирани.

Тој апелираше до владата да одобри што побрзо вклучување на општите лекари во вакцинацијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Над 400 милиони низ светот живеат во сиромаштија

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе