Утрински Весник
Економија

Сопственикот на „Зара“ забележа драстичен пад на профитот

Сопственикот на „Зара“ забележа драстичен пад на профитот

Шпанскиот синџир за трговија со облека „Индитекс“, сопственик на „Зара“, денеска објави дека ја завршил фискалната 2020 година со 70 проценти помал нето-профит поради затворањето на продавниците во многу земји, во рамки на борбата против пандемијата на коронавирус.

Во фискалната година што заврши во јануари, нето-добивката на „Индитекс“ лани паднала на 1,1 милијарда евра.

Приходите паднале за 28 проценти, на 20,4 милијарди евра, бидејќи скокот од 77 проценти остварен преку онлајн продажба делумно ги неутрализирал негативните ефекти од пандемијата, а позитивно влијаело и брзото закрепнување на Кина.

Компанијата донекаде ја намалила штетата и со строгото управување со синџирот на снабдување, намалувајќи ги залихите за девет проценти во однос на претходната година, и покрај нестабилната продажба.

Кон крајот на годината, за време на сезоната на празнично пазарање, многу влади во Европа повторно ги заострија мерките за спречување на нов бран на пандемијата, така што нето-профитот на „Индитекс“ бил преполовен, на 435 милиони евра. Приходот паднал за една четвртина, на 6,3 милијарди евра.

На крајот на јануари, на крајот на фискалната година, околу 30 проценти од продавниците на „Индитекс“ беа затворени, а до почетокот на оваа недела, тој број е преполовен. Компанијата очекува речиси сите продавници да бидат отворени до 12 април.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Димитриеска-Кочоска: Ограничувањето на маржите нема ефект, потребни се поефективни мерки

Онлајн шопингот проработе и во Македонија: 63.5% од граѓаните купуваат преку интернет