Утрински Весник
Свет

Во Полска најмногу новозарзени со Ковид-19 во последните четири месеци

Во Полска најмногу новозарзени со Ковид-19 во последните четири месеци

Полска објави 17.260 нови случаи на заразени со коронавирус, што е најголем број на дневна основа од врвот на пандемијата, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Според последните податоци од надлежните, уште 398 пациенти починале, со што бројот на смртни случаи се приближи на 46. 000 лица.

Бројот на активни случаи, кои се движеа околу 200 000 во текот на јануари и февруари, сега искачи на над 270 000, пишуваат агенциите.

Скоро 18.400 пациенти биле хоспитализирани, од кои повеќе од 1.900 биле на апарати за дишење.

Маските сè уште се задолжителни низ целата земја. На рестораните и кафулињата им е дозволено да доставуваат храна и да служат пијалоци надвор. Повеќето ученици и студенти посетуваат настава и предавања на далечина. Спортските сали се затворени. Некои ограничувања поврзани со коронавирусот се укинати, така што кината, галериите и базените можат да работат со намален капацитет, освен во два региона на северот кои се повеќе погодени од вирусот.

Со зголемувањето на стапката на заразени со коронавирусот, не е исклучено повторно воведување на ограничувања во другите делови на земјата, рече портпаролот на Министерството за здравство.

Според него, вакцинацијата напредува, а над 85.000 луѓе ја примиле вакцината дневно во изминатата недела. Полска досега користела повеќе од 4 милиони дози на вакцина, а повеќе од 1,4 милиони луѓе веќе примиле две дози.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина