Утрински Весник
Економија

Средба Битиќи-Абазовиќ: Регионот е изморен од караници, фокусот треба да е економијата

Средба Битиќи-Абазовиќ: Регионот е изморен од караници, фокусот треба да е економијата

Целта на заедничкиот регионален пазар е да се зајакне економската соработка помеѓу земјите во регионот, да се зголеми конкурентноста, но и привлечноста на регионот за пазарот на Европската Унија, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на заедничка средба со потпретседателот на Владата на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

„Ова ќе ја зголеми отпорноста на регионот кон ризиците од било кој вид и ќе ja зајакне нашата способност да се справуваме со предизвиците и непредвидливите појави, како што е случајот со моменталната пандемија. Ќе донесе просперитет за нашите граѓани, напредок и иднина за регионот на Западен Балкан и ќе ги подготви нашите економии за влез во Европската Унија. Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за просперитет на Западен Балкан“, рече вицепремиерот Битиќи.

„Овие две држави се повеќе од пријателски, ние се заблагодаруваме на раката подадена на Црна Гора и сакаме да кажеме дека сите граѓани на Република Северна Македонија секогаш и во секој момент можат да сметаат на раката која Црна Гора ја подава на вашата земја и дека на секој ваш успех се радуваме како да е наш. Регионот е изморен од караници, од национализми, ние фокусот треба да го свртиме кон економијата, кон прогресот, кон подобриот животен стандард. Вие сте одличен пример за тоа, и јас потврдувам дека на денешната средба имавме многу продуктивна и конструктивна комуникација, и дека вицепремиерот Битиќи отвори многу теми кои се значајни за двете држави“, истакна потпретседателот Абазовиќ.

Тој дополни дека земјите од Западен Балкан со заеднички настап можат полесно да добијат поголеми перспективи за развој и напредок.

Битиќи и Абазовиќ истакнаа дека зајакнувањето на заедничкиот регионален пазар, ќе биде значаен чекор и за двете земји, бидејќи тоа ќе допринесе за зголемување на стандардот на граѓаните, зголемување на пазарот за компаниите, а со тоа и на можностите за развој и за нови инвестиции.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена