Утрински Весник
Магазин

(Видео) Објавен нов трејлер за „Топ ган: Маверик“

(Видео) Објавен нов трејлер за „Топ ган: Маверик“

Со оглед на тоа дека премиерата на долгоочекуваното продолжение на класикот од 1986 година, „Топ Ган: Маверик“, е одложена до јули, фановите стравуваат да не претрпи повторно одложување.

Филмот треба да почне да се прикажува на 2 јули 2021 година, а воениот пилот на Круз повторно ќе се појави по 30 години од прикажувањето на оригиналниот филм кој го претвори актерот во светска ѕвезда.

Во продолжението ќе го видиме и Мајлс Телер како син на пилотот Гус, кој го играше Ентони Едвардс и кој беше убиен за време на вежба во првиот филм.

Во филмот „Топ ган: Маверик“ глумат и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, повторно во улогата на ривалот на Маверик, Ајсмен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Овој парфем е прогласен за најдобар женски мирис на сите времиња

Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот