Израел започна да ги вакцинира Палестинците кои работат во таа земја, но и во населените места на окупираниот Западен Брег, два месеци по започнувањето на кампањата за имунизација во земјата.
Палестинските работници, кои преку неколку контролни пунктови преминаа во Израел, ја примија првата доза на вакцина на „Модерна“, а акцијата ја спроведе израелската воена агенција која ги координира владините операции на Западниот Брег, пренесе АП.
Околу 100.000 Палестинци на Западниот брег работат во Израел.
Досега, Израел им дал 8,7 милиони дози на „Фајзер“ на своите граѓани (од вкупно 9,3 милиони), а повеќе од 40 проценти ги примиле обете дози на вакцината.
До денес, Израел им даде помал број вакцини на Палестинците на Западниот Брег и во Појасот Газа, што предизвика меѓународни критики, додаде АП.
Групите за човекови права и многу Палестинци велат дека Израел, како окупаторска сила, е одговорен за обезбедување вакцини за Палестинците, но Израел се повикува на прелиминарниот мировен договор од Осло во 90-тите и тврди дека нема таква обврска.