Француската влада ги предупреди здравствените работници дека вакцинацијата може да биде законски обврзувачка за нив, откако премиерот Жан Кастекс откри дека само 40 проценти од медицинските лица биле вакцинирани, објави „Гардијан“.
Владиниот портпарол Габриел Атал апелираше до сите што работат во здравствениот сектор и имаат приоритет при вакцинирање, да го сторат тоа.
„Во изминатата година, нашите здравствени работници се однесувааа како херои, но бројот на вакцинирани меѓу нив е неприфатлив денес. Ако сте здравствен работник, би било неодговорно од вас да ја одбиете вакцината”, рече Атал додека одговараше на прашања од читатели на „Ле Паризиен“.
Атал додаде дека владата ќе се обиде да апелира до здравствените работници да ја примат вакцината со принципот морков и стап, но ако не успеат на тој начин, вакцинацијата може да биде законски задолжителна за нив.
„Сите ги засукаа ракавите за да нѐ извлечат од оваа епидемија. Сега треба да ги засукаат ракавите до рамениците за да бидат вакцинирани”, рече Атал.
Атал го продолжи само она што го рече премиерот Кастекс минатиот четврток, кога изјави дека медицинските лица имаат обврска кон себе, кон семејството и кон луѓето за кои се грижат да бидат вакцинирани.
„Ле Паризиен“ ги опиша коментарите на Аталус како деликатна закана што удира силно.