Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 343 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало еден прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало исто така еден примен пациент додека 13 биле примени на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 2 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти, информираат од министерството за здравство.
Додаваат дека во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациент со симтоми на коронавирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид пациентки.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од МЗ.
Од таму потсетуваат дека е отворена и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка, потенцираат од министерството за здравство.