Утрински Весник
Спорт

Одермат со блескава победа во Залбах, сонува за два кристални глобуси

Одермат со блескава победа во Залбах, сонува за два кристални глобуси

Младиот Швајцарец Марко Одермат стигна до фантастична супер-џи победа во австрискиот ски-центар Залбах, со што остана во игра за кристалниот глобус во дисциплината (со многу помали шанси), но и за големиот кристален глобус (со многу повеќе шанси).

23-годишниот Одермат, еден од ретките скијачи кои настапуваат во сите дисциплини со релативно голем успех, до својата трета победа во кариерата и втора оваа сезона стигна со време од 1:29.53, за 0.63 секунди подобро од Французинот Матју Баје и 0.83 секунди пред лидерот во дисциплината, Винсент Крихмаер.

Со овој резултат, Одермат има 318 поени во генерален пласман во дисциплината, додека Крихмаер е лидер со 401, а на програмата останува само уште финалето во Ленцерхајде. Во вкупен генерален пласман пак, лидер е Французинот Алексис Пинтуро со 1.050 поени, пред Одермат со 969, а тука на програмата покрај финалните трки во Ленцерхајде е и велеслаломот во Крањска Гора.

> Одермат со блескава победа во Залбах, сонува за два кристални глобуси <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027