Утрински Весник
Свет

Убиен главниот обвинител на Авганистан, бомбаш-самоубиец со возило удри во неговиот автомобил

Убиен главниот обвинител на Авганистан, бомбаш-самоубиец со возило удри во неговиот автомобил

Бомбаш-самоубиец со автомобил денеска во Авганистан го уби главниот обвинител на државната управа за разузнавачки работи, Сајед Махмуд Агу.

Атентаторот, со автомобил полн со експлозив, удрил во колона возила во кои се наоѓал обвинителот, на пат кон неговата канцеларија во јужниот авганистански град Лашкаргах, убивајќи го обвинителот, неговиот телохранител, осум придружници и ранувајќи уште двајца цивили, рече шефот на советот на провинцијата Хелманд, Атаулах Авган.

Досега никој не презеде одговорност за овој атентатот.

За неколку претходни атентати одговорност презеде терористичката група Исламска држав, но за поголем број напади никој не презел одговорност, а владата во Кабул ги обвинува талибанците.

Во исто време, мировните разговори меѓу талибанските делегации и авганистанската влада продолжија во главниот град на Катар, Доха, со посредство на САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за во среда

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина

ОН: Алармантна неисхранетост во Газа, децата се во опасност