Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко потврди дека стручната процена на употребата на вакцината „епивак корона“ кај постари лица, изработена од Државниот научен центар „Вектор“, како и втората фаза на клинички испитувања на вакцината „Спутник лајт“, е завршена, пренесува ТАСС.
„Втората фаза од клиничките испитувања за ‘спутник лајт’ е завршена и тие сега се испраќаат на стручна процена. Завршена е и процената на вакцината ‘епиВак корона’ произведена од центарот ‘Вектор’за лица над 60 години“, потврди министерот на конференцијата за печат.
ТАСС јавува дека на 16 ноември, руското Министерство за здравство издало дозвола за клинички испитувања на вакцината „епиВак корона“ на 150 волонтери над 60 години, а дозвола за испитувања на 3.000 волонтери над 18 години е издадена на 18 ноември.
Министерството за здравство, исто така, издаде дозвола во јануари да спроведе клинички испитувања на вакцината против коронавирус „спутник лајт“, која е прва компонента на вакцината „спутник В“ и која, според директорот на центарот „Гамалеј“, Александар Гинзбург, обезбедува заштита за четири или пет месеци и ја намалува можноста лицето да добие потежок облик на Ковид-19, наведува агенцијата.