Оскаровката целосно го прифаќа фактот дека е во своите 50-ти и смета дека најголем плус за една зрела жена е да биде сигурна во својата кожа и да не дозволи да ја вознемирува мислењето на луѓето.
Хали (54) изјави за BAZAAR.com: Една од придобивките на стареењето – има многу – но една од нив е што повеќе не ви е гајле за многу работи кои претходно ви пречеле. Таа всушност го употреби изразот you just start to not give a f*** anymore и потоа се пошегува: „Извинете го мојот француски јазик“.
Sвездата на „Џон Вик“ се отвори и за нејзиниот однос кон социјалните мрежи.
Хали има 6.8 милиони следачи на Инстаграм и 368.900 фанови на Твитер, и таа сака да им ја покаже на луѓето нејзината вистинска личност далеку од црвениот тепих и улогите на филмското платно, нешто што смета дека е „ослободувачко“.
„Да се биде на Инстаграм навистина ослободува … Со социјалните мрежи, можам да контролирам што луѓето знаат за мене и како тоа го презентирам,“ вели таа.
„Мислам дека тоа ме поврзува повеќе со сите, и тоа е убаво.“
„Тие сакаат да видат дека уживате во добар коктел или дека сте насмеана, можете да облечете секси фустан и да се чувствувате добро, и може да учествувате во глупави Интернет предизвици и да читате кул книги.“
Хали Бери е позната по нејзиниот позитивен став кога станува збор за грациозно стареење.