Утрински Весник
Свет

Брнабиќ: Вакцинирани скоро 1,6 милиони луѓе во Србија

Брнабиќ: Србија е на чекор до нормалниот живот, наскоро и четврта вакцина

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за РТС изјави дека бројот на вакцинирани лица се приближува до 1,6 милиони.

Брнабиќ посочи дека 95 проценти од регистрираните од приоритетните групи се вакцинирани и ги повика граѓаните од сите возрасти да аплицираат за вакцинација.

„Утре очекуваме уште 500.000 дози од вакцина на ‘Синофарм’, а нов контингент на вакцината на ‘Фајзер’ се очекува во понеделник“, рече Брнабиќ, најавувајќи дополнителна испорака и на руската вакцина „Спутник В“.

„Вакцините ќе бидат доволни, ова е вистинскиот начин да се бориме против коронавирусот“, рече Брнабиќ.

Таа предупреди на зголемување на бројот на заболени по примање на првата доза на вакцината, наведувајќи дека тоа е последица на опуштање и игнорирање на мерките, повикувајќи да се почитува епидемиолошката дисциплина по првата вакцинација и најмалку дваесет дена по примање на втората доза.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта