Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, но премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, повикувајќи се на локалните служби, објави дека земјотресот бил со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала.
View this post on Instagram
Земјотресот се случил рано наутро по локално време, во 2:27 часот.
Епицентарот на земјотресот бил на 294 километри источно од Тауранга и 181 километар североисточно од Гизборн. Тоа е локација во Тихиот Океан, североисточно од Северниот Остров.
Издадено е предупредување за цунами. Сè уште не е познато дали има жртви.
Граѓаните се предупредуваат да ги следат вестите со цел навремено да знаат нови информации и да ги слушаат препораките на локалната цивилна заштита. Исто така, граѓаните се повикуваат да не се приближуваат до морскиот брег.