Утрински Весник
Свет

ЕУ: Руската вакцина сè уште не е вклучена во стратегијата за вакцинација

ЕУ: Руската вакцина сè уште не е вклучена во стратегијата за вакцинација

По веста дека Европската агенција за лекови почнала постапка за регистрација на руската вакцина „спутник В“, се огласи Европската Унија, која вели дека руската вакцина сè уште не е стратегија.

Сите светски агенции објавија дека Европската агенција за лекови (ЕМА) почнала постапка за регистрација на руската вакцина против коронавирусот, што многу земји членки веќе ја побарале за своите граѓани, дури и по итна постапка, со цел да се обидат да избегнат целосен дебакл на официјален Брисел и неговата набавка на вакцини.

Компанијата што стои зад „спутник В“ претходно ѝ понуди на ЕУ 100 милиони дози вакцини, но Брисел одби велејќи дека руската вакцина не е во стратегијата на ЕУ за борба против коронавирусот.

Слично образложение и сега пристигна.

„Само затоа што вакцината добива одобрение од Европската агенција за лекови, не значи дека треба да биде ставена на списокот со вакцини вклучени во стратегијата за вакцинација на ЕУ“, рече Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија.

Се додава дека ЕК веќе склучи договори во име на ЕУ за набавка на доволни количини вакцини (2,6 милијарди дози со шест компании) со цел да се исполни целта на 70 проценти вакцинирани Европејци до крајот на летото.

Брисел исто така нагласува дека при одобрување на вакцините за употреба на пазарот на ЕУ тие не се водат според геополитиката, туку според процената на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња