Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Заев не верува во своето мнозинство

Мицевски: Заев не верува во своето мнозинство

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вели дека „стравот, паниката и слабоста која што власта и Зоран Заев ги покажаа вчера, укажуваат на тоа дека Заев не верува во своето мнозинство“.

„Ден откако Зоран Заев си купи привиден мир со шверцерско гласање на доверба на Влада и тоа го претстави во јавноста како небаре да ги донесол Гугл и Фејсбук и како небаре да набавил милион вакцини, сепак реалноста е иста како и претходно“, истакна Мицевски.

Според него во државата „немаме вакцини а секојдневно луѓето умираат заради тоа“.

Мицевски напомена, дека економијата е пред колапс, а државата според него е презадолжена, додека „55 илјади луѓе кои останаа без работа во последната година сеуште се невработени“.

„Со вчерашното гласање падна во вода и уште една голема лага на Заев и луѓето околу него, а тоа е лагата дека тој има пратеници од опозицијата кои го поддржуваат и ќе преминат во таборот на власта“, рече Мицевски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа