Утрински Весник
Свет

Принцот Филип имаше операција на срце, останува во болница

Принцот Филип имаше операција на срце, останува во болница

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, беше опериран и ќе остане во болница. Британските медиуми наведуваат дека принцот бил подложен на интервенција на срцето и сè поминало во најдобар ред.

„Војводата од Единбург вчера имаше успешна интервенција поради претходни проблеми со срцето. Неговото кралско височество ќе остане во болницата за да прима терапија и да закрепне“, се наведува во соопштението на Бакингамската палата.

Војводата од Единбург беше хоспитализиран пред неколку недели поради инфекција. Потоа, на почетокот на неделата, тој беше префрлен од приватната болница „Кралот Едвард VII“ во болницата „Свети Вартоломеј“ и првично беше речено дека ќе биде задржан таму до крајот на неделата.

Неговата снаа Камила, сопругата на принцот Чарлс, вчера накусо за медиумите изјави дека Филип е добро, но дека прима болна терапија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД ја известиле Москва за закана од терористички напад со многу жртви

Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец

Пукање во Калифорнија, едно лица загинато, шест повредени