Утрински Весник
Свет

(Видео) Капитол Хил под опсада: Сите седници откажани поради страв од нов бунт

(Видео) Капитол Хил под опсада: Сите седници откажани поради страв од нов бунт

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја откажа седницата планирана за денес, по предупредувањето на полицијата во Капитол Хил дека во зградата можат да упаднат екстремисти.

Претставничкиот дом требаше да расправа за предлог-законот за полициска реформа, но еден од членовите на тоа тело рече дека полициското предупредување, засновано на разузнавачки податоци, претставува голем ризик и затоа плановите биле променети, наведува „Гласот на Америка“.

Властите велат дека екстремистите кои планирале да го нападнат Конгресот припаѓаат на група поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој упадна во Конгресот на 6 јануари за да спречи потврда за победата на Џо Бајден на претседателските избори. Полицијата во Капитол ја нарече групата екстремисти кои планираа упад „неидентификувана милитантна група“.

Во полициското соопштение се наведува дека се воведени значителни промени и зголемени безбедносни мерки во Капитол, каде што се наоѓаат Претставничкиот дом и Сенатот. Не е познато дали овие промени се воведени заради последната закана или дали станува збор за мерките за кои станува збор по немирите на 6 јануари.

Во теориите на заговор на десницата, 4 март се спомнува како ден кога Трамп, инаку поразен на изборите на 3 ноември, требаше да даде заклетва за втор мандат. Тоа беше денот на претседателските инаугурации се до 1933 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно