Утрински Весник
Спорт

Закерони: Милан игра најдобар фудбал во Серија А

Закерони: Милан игра најдобар фудбал во Серија А
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот фудбалски тренер на Милан, Интер, Јувентус и Лацио, Алберто Закерони (67) е воодушевен од начинот на кој „Росонерите“ играат сезонава. Закерони смета дека Милан го игра најдобриот фудбал во италијанското првенство, а во разговор за „Газета дело Спорт“ упати серија пофалби за играта на Хрватот, Анте Ребиќ.

„Пиоли врши одлична работа, Милан игра сјаен фудбал, одлични се во последната третина. Можеби не се најдобрата екипа, но играат најдобар фудбал во Серија А. Ибрахимовиќ? Тој е волшебен и незаменлив, но Пиоли создаде екипа која може и без него. Мораат да ја бараат длабочината и да се потпрат на инстинктот на Леао, да ги искористат втрчувањата на Тео (Ернандез). Сепак, го следам Ребиќ уште од Ајнтрахт и тој може да ја направи разликата во казнениот простор. Уште подобар е кога пред себе има уште еден напаѓач“ рече Закерони.

Милан вечерва има нов дуел во Серија А, на „Сан Сиро“ гостува Удинезе со македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски.

> Закерони: Милан игра најдобар фудбал во Серија А <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини