Утрински Весник
Македонија

Во земјава засега нема јужноафрикански сој, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Во земјава засега нема јужноафрикански сој, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Денеска се прошири веста дека двајца сопружници од Битола, кои се вратиле од патување во Занзибар се ковид-позитивни. Според информациите, битолчаните пред 5 дена се вратиле од Африка, а во моментов и двајцата се на болничко лекување.

Од ресорното министерство нагласуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа и на вториот пацинет од Занзибар.

Веста за заразените сопружници кои се вратиле од Африка во јавноста ги поттикна стравувањата дека во земјава би можел да навлезе јужноафриканскиот сој на короната, кој се смета за еден од најзаразинте во моментов.

Министерството за здравство денеска соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено

Тошковски: МВР со посебен план за претстојната зимска туристичка сезона во Маврово

Железницата повторно во нормала – 24info.mk