Утрински Весник
Македонија

Заев побара парламентот да гласа за доверба на Владата

Заев побара парламентот да гласа за доверба на Владата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Зоран Заев побара од пратениците да гласаат за доверба на Владата. Тој посочи дека во последниот период кружат лажни вести дека власта немала мнозинство во Собранието. Како што образложи Заев, барањето е за да се види дали тие вести се точни или не.

„ Да побарам од вас пратениците да гласате за доверба на Владата. Ред е да се соочиме и расчистиме. Да го видиме на дело толку долго време најавувано, наводно мнозинство на опозицијата. Ова е момент кога ќе покажеме колку има вистина во најавата за мнозинство на опозицијата. Мора да е едно од двете, ако не и двете заедно. Покрај сите обиди за опструкции и блокади, граѓаните секој ден се изложени на лажни вести за некое ново и непостоен мнозинство, нова нестабилност. Тоа е само поради внатрепартиски цели на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да се претстави поинаква перцепција на граѓаните. Вистината е најсилното оружје. Парламентарното мнозинство, јас владата и коалицијата нема да дозволиме неизвесност, сопки, блокади и опструкции“, рече Заев на собраниска седница.

Заев објасни дека без дебата, бара да се гласа за доверба на Владата.

„ Во име на сето претходно кажано, во име на вистината ја преземам обврската кон граѓаните согласно член 93 став 1 од Уставот, и член од 217 став 2 од Деловниот на Собранието, да побарам изјаснување на Собранието за доверба на Владата“, додаде Заев.

Инаку, Уставот предвидува дека доколку на биде изгласана доверба на Владата, тоа прашање не може повторно да биде поставено на дневен ред во наредните 90 дена. Во спротивен случај, доколку ѝ биде изгласана недоверба, тогаш Владата треба да поднесе оставка.

Собранискиот деловник, пак, предивидува Собранието да гласа за доверба на Владата на истата седница, доколку предлогот доаѓа од претседателот на Владата, усно на собраниска седница, како што е случај сега.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите