Утрински Весник
Свет

Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, повикуваме на истрага

Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, повикуваме на истрага

Велика Британија го осуди убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и продолжува да бара целосна истрага за неговата смрт, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој зборуваше на прес-конференција во Лондон, на која беше запрашан дали Велика Британија ќе ја прекине продажбата на оружје на Саудиска Арабија поради конфликтот и хуманитарната криза во Јемен, каде што саудиската коалиција се бори против јеменските бунтовници на страната на меѓународно признатата влада.

Џонсон истакна дека Велика Британија го почитува долгогодишниот пакет правила и конвенции за продажба на оружје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Пекинг е забрането поседувањето дронови

„Вашингтон пост“: Кенеди-центарот пред банкрот, можно е да биде затворен уште утре

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела