Утрински Весник
Свет

Ерменската опозиција ги отфрла изборите сè додека премиерот не поднесе оставка

Ерменската опозиција ги отфрла изборите сè додека премиерот не поднесе оставка

Опозицијата во Ерменија го отфрли предлогот да се одржат предвремени парламентарни избори без претходно дадена оставка на премиерот Никол Пашинијан, пренесува агенцијата „Интерфакс“.

Пашинијан во понеделникот рече дека е подготвен да распише предвремени парламентарни избори, доколку опозицијата се согласи на одредени услови, наведува „Ројтерс“.

Ерменскиот премиер се соочува со протести и политичка криза откако армијата побара негова оставка, што Пашинијан го нарече обид за државен удар.

Претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан, неодамна одби да го смени началникот на Генералштабот на ерменската армија, Оник Гаспаријан, кој претходно беше ослободен од должноста од премиерот Пашинијан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран