Утрински Весник
Македонија

Средба Сугарески-Бочварски

Средба Сугарески-Бочварски

На денешната работна средба меѓу директорот на царинската управа Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески се разговарало за активности кои се однесуваат на градежни проекти на царинската управа за изградба или реконструкција на граничните премини и градежни интервенции, информираат од кабинетот на Сугарески.

„Реализацијата на предвидените активности за осовременување на граничните премини ќе придонесат кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците, како корисници на граничните премини“, истакна Сугарески.

Се разговарало и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир и за набавка на нов национален едношалтерски систем, кои се дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот за Западен Балкан, финансиран со заем од Светска Банка, а се реализира преку проектната единица во рамките на Министерството за транспорт и врски, информираат надлежните.

Соговорниците на денешната средба утврдиле дека активно се работи на реализација на проектите, a динамиката при изведување на истите е задржана согласно предвидувањата.

„Царинската управа ќе продолжи интензивно да соработува со сите владини и државни институции кои се надлежни за протокот на стоки, добра и патници со цел олеснување на царинските процедури“, известуваат од оваа институција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“