Утрински Весник
Свет

(Видео) Масовни апсења во Мјанмар, полицијата употреби солзавец, куршуми, има и загинати

(Видео) Масовни апсења во Мјанмар, полицијата употреби солзавец, куршуми, има и загинати

Најмалку четворица демонстранти беа убиени, а неколкумина беа повредени кога полицијата се обиде да го прекине протестот против воениот удар во неколку градови во Мјанмар.

За време на конфликтот во Јангон, двајца демонстранти беа убиени, а неколкумина беа ранети во Јангон и Мингјин, објавија очевидци и медиуми.

Исто така во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, загинаа уште две лица, пренесува „Ројтерс“.

Најмалку 24 лица се убиени во судирите од воениот удар на 1 февруари, а околу 300 демонстранти се уапсени. Протестите траат од 1 февруари, кога воената хунта ја собори цивилната влада.

Според неофицијални информации, полицијата употребила вистински куршуми во некои градови, при што едно лице било убиено и неколкумина биле повредени.

Нови протести се одржани по насилниот викенд на улиците на Мјанмар од почетокот на демонстрациите на 1 февруари.

Полицијата употребила сила и масовно ги апсела демонстрантите, а неофицијално најмалку 18 лица се уапсени само во неделата.

Новинската агенција АП наведува дека е тешко да се утврдат деталите од протестот, особено во помалите градови. Повеќето информации не се официјално потврдени, но луѓето на социјалните мрежи и локалните медиуми споделуваат фотографии и снимки што ги потврдуваат. Инцидентите во помалите градови веројатно минуваат незабележани, пишува АП.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков