Утрински Весник
Македонија

Усвоен предлог – законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк

Усвоен предлог – законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк

Владата на денешната седница го утврди текстот на предлог – законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес“, соопшти Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

Времето денеска: Преку ден топло и сончево, попладне дожд и ветер

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина