Утрински Весник
Спорт

Алпине Ф1 го покажаа новиот болид за старт на нова ера

Алпине Ф1 го покажаа новиот болид за старт на нова ера

Алпине Ф1, ребрендираниот тим кој до минатата сезона беше познат како Рено Ф1, го претстави својот болид А521 на онлајн презентација во вторникот попладне.

Според очекувањата, болидот има целосно различен изглед од минатогодишниот, по ребрендирањето, со основна сина боја и со црвени, црни и бели делови. Алпине Ф1 во 2021 ќе вози со повратникот во Ф1, двократниот шампион Фернандо Алонсо, кој своите титули ги освои со тимот од Енстоун, и со Французинот Естебан Окон.

Алонсо се враќа во Ф1 по две години пауза и беше потврдено дека ќе учествува на тестирањето пред сезоната во Бахреин и покрај тоа што минатиот месец доби фрактура на вилицата откако беше удрен од автомобил додека возел велосипед.

Алпине исто така објавија дека Русинот Данил Квјат, кој минатата сезона возеше во Алфа Таури, ќе биде нивниот резервен возач.

> Алпине Ф1 го покажаа новиот болид за старт на нова ера <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Останаа уште осум натпревари до светскиот шампион – вечерва стартува четвртфиналето

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер