Утрински Весник
Македонија

Министерството за здравство го демантира Милошоски: Постапката за томографите не е завршена

Министерството за здравство го демантира Милошоски: Постапката за томографите не е завршена

Откако на прес-конференција, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше, за како што кажа, сомнителна набавка на томографи за болниците во Кавадарци и Гевгелија, со брз демант реагираа од Министерството за здравство од каде велат дека процесот е во фаза на евалуација, а постапката не е завршена.

Од ресорното министерство појаснуваат дека била спореведена постапка за јавна набавка на компјутерски томографи за потребите на oпштите болници во Гевгелија и Кавадарци, врз основа на претходни добиени барања од наведените установи во кои е образложена потребата за ваков вид на опрема.

„Во самата постапка беа поднесени понуди од страна на 8 понудувачи. Согласно Извештајот доставен од стручните лица, како и врз основа на евалуацијата на останатата документација со која се утврдува способноста на понудувачите, Комисијата за јавни набавки, со цел ниеден понудувач да не биде ставен во понеповолна положба или неосновано да биде отфрлен од евалација, до сите понудувачи во чии понуди недостасуваше или беше недоволно објаснета документацијата, преку ЕЈСН достави барање за дополнување/појаснување на документацијата. Во законски утврдениот сите понудувачи доставија или дадоа појаснување на бараната документација, која Комисијата ја утврди како валидна и ги оцени понудите на понудувачите како прифатливи, по што истите беа поканети на е-аукција“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Во него се додава дека по спроведената е-аукција, согласно спроведената евалуација на Комисијата за јавни набавки, како и стручните лица ангажирани во постапката, Комисијата изготвила и до одговорно лице во министерството доставила извештај за спроведена постапка, во кој дала образложение и предлог за избор на најповолна понуда, врз основа на што одговорното лице донело одлука за избор на најповолната понуда.

Но пред доставувањето на таа одлуката до сите понудувачи, Бирото за јавни набавки спровело Управна контрола, во која биле утврдени недостатоци при спроведување на постапката, при што било наложено да се спроведе повторна евалуација на понудите.

„Договорниот орган не сомневајќи се во стручноста и објективноста на Бирото за јавни набавки, одлучи да ги прифати забелешките и да постапи според нив. Напоменуваме дека при повторна евалуација, Комисијата за јавни набавки во целост постапи по препораките дадени во Записникот од управната контрола и врз основа на истите беше извршена повторната евалуација“, појаснуваат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека потоа бил изготвен извештај од спроведената постапка и врз основа на истиот одговорното лице донело одлука за избор, врз основа на што од страна на три понудувачи била поднесена жалба.

„Од страна на Државната комисија за жалби по јавните набавки беа донесени решенија со кои постапката ја враќаат на повторна евалуација. Повторната евалуација на понудите се уште е во тек и од страна на Министерството за здравство нема донесено никаква одлука за избор или поништување, што значи постапката се уште не е завршена, однсоно е во тек“, се нагласува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени