Утрински Весник
Македонија

Автомобил излетал на патот Прилеп-Македонски Брод, возачот загинал на самото место

Автомобил излетал на патот Прилеп-Македонски Брод, возачот загинал на самото место

Во вечерните часови на 1 март во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, пред влезот за село Ропотово, излетал автомобил „форд ескорт“.

Возилото било управувано од Р.Ј.(49), жител на селото Долнени, кој поради здобиените повреди починал на местото на несреќата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од прилепската полиција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина снимателот на МРТ Александар Мижимаков

Намалена видливост на патот Струмица – Валандово

Мицкоски: Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните