Утрински Весник
Свет

Повторно немири во Мјанмар, ранети четворица демонстранти

Повторно  немири во Мјанмар, ранети четворица демонстранти

Полицијата во Мјанмар пукаше за да ги растера демонстрантите кои протестираат против воениот удар, информираат светките агенции.

Според нив, четири лица се ранети пред состанокот на шефовите на дипломатии на соседните држави со претставници на армијата на земјата.

Разговорите ќе се водат преку видео врска, за прв пат откако војската ја собори избраната влада пред еден месец, што предизвика масовни улични протести низ Мјанмар.

Демонстранти, многумина со шлемови и импровизирани штитови, се собраа зад барикадите извикувајќи пароли против владеењето на воената хунта.

„Ако не притиснат, ќе настане хаос. Ако не нападнат, ние ќе возвратиме“, извикуваа демонстрантите пред полицијата да испука шок-бомби за да ги разнесе демонстрациите во четири различни делови на градот.

Четири лица се ранети во северозападниот град Кале, каде полицијата истрела боева муниција за да ги растера демонстрантите, кои претходно фрлаа предмети кон полицијата, известуваат странските медиуми.

Министерот за надворешни работи на Сингапур Вивијан Балакришнан изјави дека шефовите на дипломатиите ќе им пренесат на претставниците на армијата во Мјанмар дека се згрозени од насилството во таа земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници