Утрински Весник
Економија

Битиќи на средба со претставници на категоризирани ресторани за свадби и ноќни клубови

Битиќи на средба со претставници на категоризирани ресторани за свадби и ноќни клубови

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, остварија средба со претставниците на категоризираните ресторани за свадби и прослави и ноќни клубови, со кои разговарале за предизвиците со кои се соочуваат угостителите, како и за мерките за поддршка на стопанството и граѓаните од Петтиот пакет, за справување со кризата предизвикана од коронавирусот, информираат од кабинетот на Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочил дека владата, во услови на пандемија, се обидува да им помогне на сите погодени граѓани и компании, а има детектирано дека угостителството и туризмот, се најпогодените гранки од пандемијата и затоа, во сите пет сета, креирани се мерки со кои токму овие гранки се најмногу поддржани.

Со петтиот пакет на мерки, компаниите од овој сектор може да искористат финансиска помош за исплата на плати, бескаматен кредит со грант компонента до 50%, а со Законот за државна гаранција, кој е во собраниска процедура, значително би се помогнало за одржување на ликвидноста на компаниите.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Пауновски дал гаранции дека нема никаква селективност во постапување на инспекторите, ниту интенција при спроведувањето на санкции, и посочил дека во периодот од речиси една година, од почетокот на пандемијата, се санкционирани вкупно 471 правно лице, за непочитување на протоколите.

На состанокот, Битиќи и Пауновски, заедно со претставниците на категоризираните ресторани за свадби се договориле да биде доставен предлог протокол за нивна работа, којшто ќе биде проследен до Комисијата за заразни болести на разгледување, известуваат од кабинетот за вицепремиерот за економски прашања.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“