Утрински Весник
Свет

Меркел му го честита роденденот на Горбачов

Меркел му го честита роденденот на Горбачов

Германската канцеларка Ангела Меркел му го честиташе 90-от роденден на поранешниот руски претседател, Михаил Горбачов.

Таа исто така го посочи неговиот придонес во завршувањето на обединувањето на Германија.

„ Го користам твојот роденден како повод да ти се заблагодарам уште еднаш за твојата лична посветеност за мирно надминување на Студената војна, како и за комплетирање на обединувањето на Германија“, рече таа во честитката.

Меркел посочи дека ќе остане запаметен придонесот на Горбачов за обединување во слободата, како и неговата трајна посветеност на пријателските односи меѓу двете земји.

„ Со гордост можете да го набљудувате денеска вашето животно дело. Ви посакувам се најдобро за роденденот, пред сè здравје“, рече таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претседателот на Боливија го укина Министерството за правда

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија

Зеленски со драматичен говор: „Ова се најтешките моменти во нашата историја“