Утрински Весник
Свет

Пукање во училиште во САД, има повредени

Пукање во училиште во САД, има повредени

Најмалку едно малолетно лице е тешко повредено, откако во средно училиште во Арканзас, од оружје пукал еден ученик, пренесуваат американските медиуми.

Инцидентот во средното училиште Вотсон Чепел во Пајн Блаф се случил на првиот ден кога училиштата во окрузите се вратиле на целодневна настава, по повеќемесечните ограничувања поради коронавирусот.

Според претставници од училишниот округ, сите кампуси се затворени, а полицијата пристигнала на лице место за да ја држи под контрола целата ситуација.

Како што навеле од полицијата, осомничено машко лице, чија возраст засега е непозната, се наоѓа во притвор. Малолетникот, кој е застрелан е жив, но во тешка состојба.

Сите ученици се на безбедно, а пукањето е окарактеризирано како „изолиран инцидент“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Путин му помага на Иран, а ние ѝ помагаме на Украина 

Унгарија нема да подлегне на притисокот од Украина за купување поскапа нафта

Мајка и тројца синови се во притвор поради експлозијата во американската амбасада во Норвешка