Утрински Весник
Економија

Средба на Бектеши со новиот амбасадор на Катар

Средба на Бектеши со новиот амбасадор на Катар

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари средба со Јасим бин Хамид Ал-Тани, новиот амбасадор на Државата Катар во нашата земја.

На средбата министерот и амбасадорот разговарале за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, информираат од министерството за економија.

Бектеши го информирал амбасадорот за потенцијалите кои што ги има Северна Македонија, пред се во делот на привлекување на странски инвеститори, а од амбасадорот бил пренесен интересот за разгледување на можностите за инвестиции во земјава.

„Податоците за трговската размена помеѓу Северна Македонија и Државата Катар покажуваат дека има голем простор за зголемување на билатералната трговија. Според статистичките податоци билатералната размена помеѓу двете земји покажува значителен раст во вкупната трговија за 371,1%, во 2018 и за 55,8% во 2019 година и благо намалување од 8,9%, во 2020 година, како резултат на пандемијата, што дава голем простор истата да се подобри во иднина“, стои во податоците од министерството за економија.

Од таму истакнуваат, дека на средбата било констатирано наредниот период засилено да се работи на подобрување на соработката меѓу двете земји и создавање на бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Државата Катар.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година 

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата