Утрински Весник
Спорт

Уапсен поранешниот претседател на Барселона

Уапсен поранешниот претседател на Барселона

Полицијата, претпладнево, извршила рација во официјалните простории на фудбалскиот клуб Барселона. Шпанските медиуми објавија дека се уапсени поранешни челници на клубот, меѓу кои е и екс-претседателот Џосеп Марија Бартомеу.

Според овие извори, рацијата е поврзана со аферата „Барсагејт“. Истрагата е покрената под сомнение дека Бартомеу профитирал од бизнис зделките кои ги правел клубот.

Наводно тој плаќал на социјалните мрежи да ја рушат репутацијата на одредени поединци. Конкретно, Бартомеу на фирмата „13Ventures“ и плаќал шест пати повеќе во однос на пазарната вредност.

Поради таа афера, полицијата веќе изврши една рација во јуни минатата година.

Покрај Бартомеу, денес биле уапсени Оскар Грау и Роман Гомес Понти.

> Уапсен поранешниот претседател на Барселона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон

Почина репрезентативец на Јужна Африка

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана