Утрински Весник
Македонија

Двајца напаѓачи ограбиле охриѓанец на улица

Нападнати лица кои делеле пропаганден материјал во Дебреше

Двајца напаѓачи ограбиле охриѓанец на улица. Тие му украле мобилен телефон и картички од кои подоцна извадиле пари.

Според информациите на СВР Охрид,  вчера во 21.40 часот било пријавенo дека на крстосницата помеѓу улиците „Серафим Китаноски“ и „Војдан Чернодрински“ во Охрид, две лица физички го нападнале Ф.К.(31) од Охрид и со закана му украле мобилен телефон и две банкарски картички, од кои подоцна подигнале 20.000 денари.

СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Засега нема нови критериуми за пристапување во ЕУ, изјавата на евроокомесарката Кос не се однесуваше на Македонија, вели Мицкоски

Дурмиши: Отворени сме за нова формула за минималната плата, од исполнетите реформи се очекуваат 20 милиони евра од ЕУ