Бен Стилер направи нешто што никој претходно нема направено на официјална церемонија кога започна да ја јаде својата награда Златен глобус на сцената.
Комичарот ги изненади фановите со новиот изглед на синоќешните „Златни глобуси“, а за време на доделувањето награди во живо на сцената тој почна да јаде статуетка направена од тесто.
„Тешко е да се поверува дека помина цела година од последниот Златен глобус“, рече Бен Стилер кога се качи на сцената за да ја додели наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија.
“Но, како и многумина од нас, го искористив тоа време за гледање кон мојата внатрешност и раст. Целосно ја разбрав природата на крипто-валутата. Прочитав книга. И конечно успеав да ја обојам косата сива”.
Се чини дека најинтересно достигнување на актерот во периодот на самоизолација е скулптурирање на трофеи од наградите со тесто.
“Како и многу други отпорни Американци, научив да печам. Вкусен леб од банана, во форма на Златен глобус”.