Кралската драма на „Нетфликс“ освои една од најголемите почести на вечерта – најдобра телевизиска серија, драма, додека членовите на актерската екипа Џош О’Конор, Ема Корин и Џилијан Андерсон добија актерски признанија на церемонијата во неделата вечерта, што се одржа во две локации – Њујорк и Лос Анџелес – а победниците ги прифаќаа наградите од дома.
Од телевизиските награди, за најдобрата серија од жанрот драма беше прогласена „Круната“. Како главни актери во серија – Ема Корин и Џош О Конор – кои ги играат принцезата Дијана и принцот Чарлс, ги освоија главните актерски награди во оваа категорија.
Џилијан Андерсон освои награда за најдобра споредна женска улога во ТВ-серија за нејзиното портретирање на премиерката Маргарет Тачер.
За најдобра мини-серија е прогласена „Дамски гамбит“, а главната актерка во серијата, Ана Тејлор-Џој, исто така доби Златен глобус за најдобра актерка во лимитирана серија. Марк Рафало е прогласен за најдобар актер во категоријата мини-серии.