Тунелот Караванке, главниот патен граничен премин меѓу Словенија и Австрија, е затворен за сообраќај во двата правци од раните утрински часови поради технички проблеми, а колона камиони од околу 5 километри е пред тунелот од словенечката страна, информираат официјалните служби.
Според последните информации, сообраќајот бил прекинат синоќа околу 01:20 часот по полноќ, по падот на два сервера преку кои се следи и контролира состојбата во тунелот.
Сè уште не е јасно кога ќе се отстрани дефектот, затоа возачите се повикуваат да користат алтернативни рути до тогаш. Патнички автомобили можат да ги користат алтернативните премини.