Утрински Весник
Свет

Мицотакис: Војната против коронавирусот продолжува, но победата е видлива

Мицотакис: Војната против коронавирусот продолжува, но победата е видлива

Војната против коронавирусот продолжува, но победата сега е видлива, изјави денеска грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакс по повод една година од потврдувањето на првиот случај на коронавирус во Грција.

„Почитувањето на епидемиолошките ограничувања и превентивните мерки е начин да се оди напред додека не ја вакцинираме целата земја“, рече Мицотакис.

Само тогаш, како што додаде, целта ќе биде постигната, пренесува грчаката новинска агенција АНА.

„Првата година од коронавирусот во Грција ќе остане во историјата како прва и последна година од пандемијата во нашата земја“, потенцира грчкиот премиер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новиот крал на Норвешка ќе биде познат како Хокон Осми, соопшти кралската палата

Шведски воени авиони и бродови ќе ја штитат безбедноста на Финска

Кинеска уапсена на аеродромот Фјумичино во Рим со пет килограми кокаин