Утрински Весник
Македонија

(Во живо) И покрај жестоките обиди демонстрантите не го пробија кордонот, полицијата во акција за потиснување

(Во живо) И покрај жестоките обиди демонстрантите не го пробија кордонот, полицијата во акција за потиснување

Јајца, балони со вода, канти за ѓубре и пластични столчиња летаа кон полицајците пред „Мавровка“ во нов обид демонстрантите да го пробијат полицискиот кордон.

Од задните редови на толпата, во еден момент излезе нова група лица со фантомки и жестоко удри врз полицијата. Освен што маваа со што стигнат, се фрлаa и со цело тело во полициските штитови, но не успеаја да го пробијат кордонот.

Една група демонстранти, пак, се обидуваше да ги смири оние што беа најагресивни. Додека лицата со фантоми навалуваа по полицијата, организаторите викаа по нив „оставете ја полицијата, не е виновна за ништо“.

Обидот за пробивање на кордонот не беше успешен, a полицијата во меѓувреме ги консолидираше своите редови и почна да ја потиснува толпата во правец кон Бит-пазар. Кордонот, кој го следеа и неколку оклопни возила, ја принудија разбеснетата толпа да се врати назад.

На демонстраните не им е дозволен пристап кон судовите, кои беа нивна првична цел, а на местото на настанот може да се забележат и екипи на Брзата помош.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крај за печатите во пасош: ЕУ стартува со дигитална регистрација на патници од трети земји

Трендафилов: Работниците живеат со 24.000 денари, функционерите со 150.000 денари

Жителите на Русиново на стражи пазат да не се разгори пожарот