Утрински Весник
Економија

Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта

Пошта доби одобрение од Владата да склучи договор со нова банка

Од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.

Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и „Халкбанк“, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет, банката ја исполнила својата обрска до 1 март да го имплементира системот за наплата.

„Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта“, се наведува во известувањето.

Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта ќе биде со провизии од 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Според најавите, во скоро време коминтентите на „Халкбанк“ на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дурмиши: Работиме на долгорочно решение за структурно и планско намалување на инфлацијата

Со нетранспарентен закон се загрозуваат 10.000 работни места – АСОМ со реакција за политичка манипулација со игрите на среќа

Просечната нето-плата во мај изнесува 45.796 денари