Утрински Весник
Македонија

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна
Screenshot

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, кој на булеварот Водњанска, додека го напуштал работното место, бил прегазен од автомобил.

Pet Utrinski

„Особено сме згрозени од фактот што сторителот без да пружи и повика помош го напуштил местото на настанот оставајќи го повредениот во тешка, животнозагрозувачка состојба. Ценејќи ја сериозноста на овој случај упатуваме јавно барање до судско-обвинителскиот систем навремено, сериозно и одговорно да пристапат кон решавање на овој случај, а сторителот да биде најостро санкциониран“, се наведува во соопштението на лекарската комора од каде изразуваат надеж за позитивен исход од лекувањето на колегата, за кој велат дека е исклучителен професионалец.

Screenshot

Од МВР, претходно објавија дека возачот бил 16-годишник од скопското село Сингелиќ, кој управувал „бе-ем-ве х6“.

Од лекарската комора посочуваат дека овој случај покажува оти не е потребно подигање на безбедносните стандарди само во здравствените установи, туку и во нивната непосредна околина, каде што покрај здравствените работници се движат и лица кои поради здравствената состојба имаат потешкотии во движењето, како и инвалидизирани лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија