Утрински Весник
Свет

Париз би можел да се затвори на три недели

Париз би можел да се затвори на три недели

Француските власти размислуваат за тринеделно затворање на Париз со цел да се потисне ширењето на коронавирусот.

Првиот заменик-градоначалник на Париз, Емануел Грегоар, објави дека до француската влада ќе достави план со кој се пропишува превентивно тринеделно затворање на главниот град, со цел подоцна да се создадат услови за повторно отворање на сите места, вклучително и барови, ресторани и театри.

Како и во остатокот од земјата, во Париз е во сила ноќен полициски час од 15 декември, а рестораните и културните институции, како и на други места во Франција, се затворени со недели за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Францускиот премиер Жан Кастекс претходно изјави дека владата ќе воведе мерки, вклучително и затворање за време на викендот во Париз и уште 19 други региони од почетокот на март, доколку епидемијата со коронавирусот продолжи да се шири.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа