Утрински Весник
Свет

Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „Астразенека“ затоа што се загрижени за ефективноста и безбедноста на вакцината, што пак е последица на лошиот публицитет.

„Има проблем со прифаќањето на вакцината на ‘Астразенека’. Тоа е сигурна вакцина, безбедна и ефикасна. Одобрена од ЕМА, а во Германија се препорачува за лица под 65 години. Сите релевантни органи ни велат дека ова е вакцина на која можеме да и веруваме. Во време кога нема доволно вакцини, не можеме да избереме со што ќе се вакцинираме“, рече Меркел во едно интервју.

На прашањето дали самата ќе биде вакцинирана со „АстраЗенека“, Меркел одговори: „Имам 66 години и не спаѓам во групата на која и беше препорачано да се вакцинира со ‘Астразенека’“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор